Поврзете се со нас

Евролига

Ниту одличниот Вилбекин не го спаси Макаби: Клубот од Тел Авив тоне во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Израелската кошаркарска гордост Макаби Тел Авив тоне во Евролгата, а најдобар доказ за тоа е што вечерва го претрпе осмиот пораз во низа и тоа на гостувањето во Франција кај Монако (82-76).

Ова беше дуел во кој гостите ја добија првата четвртин со 15-13, но потоа домаќините беа оние кои беа за нијасна подобри во преостанатиот дел, па така со 22-18, 21-18 и 26-25 се изборија за 7 триумф во 18. коло во најсилното натпреварување на стариот континент.

Диало и Мотејунас дадоа по 16 поени, додека Џејмс запиша дабл-дабл од 12 кошеви и дури 13 асистенции.

На спротивната страна залудна беше фантастичната партија на Вилбекин од 31 поен, 2 скока и 4 асистенции.

Останатите три средби од денешната програма меѓу Фенербахче-Реал Мадрид, Милано-Алба и Олимпијакос-ЦСКА Москва беа одложени поради позитивни случаи на коронавирусот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни