Ниту Нејмар, ниту Левандовски и Кејн: Флорентино дал наредба за исполнување на еден сосема друг приоритет! (Фото)

perez-aerodrom

Она што на големо го најавуваат шпанските и мадридските медиуми во последните неколку месеци е тоа дека Реал Мадрид се очекува да направи неколку значителни промени во играчкиот кадар во летниот преоден рок, се со единствена цел да се засили, а пред се да се помлади тимот кој во изминативе години доминира во Европа.

Новинарската имагинација едноставно не стивнува и секојдневно излегуваат нови натписи дека Реал Мадрид е во потера по сензационални ангажмани на Нејмар, Левандовски или Кејн, играчи кои секако се навистина интересни за управата на „кралскиот клуб“, но која всушност има еден сосема друг приорирет.

Како што тврди секогаш доброинформираната „Марка“ за случувањата во мадридскиот клуб, Реал, односно претседателот Флорентино Перез има една јасна и примарна цел за летниот трансфер период, а тоа е да најде замена и наследник за недопирливиот во тимот, Лука Модриќ. Хрватот веќе со години наназад е лидер во средниот ред на „кралевите“ и се претвори во вистински мозок на тимот кој сега го предводи Зидан, но во клубот се свесни дека Модриќ нема да трае вечно и дека на неговиот фудбалски зенит полека му се ближи крајот. Јасно е дека Лука може и треба да понуди уште една до две сезони фудбал на највисоко ниво, но како што вели „Марка“ во својата ексклузива, оперативците на клубот добиле наредба од Перез да тргнат во потрага по играч со исклучително слични карактеристики како хрватскиот репрезентативец.

Планот на првиот човек на Реал е новиот играч да учи од Модриќ и да се адаптира покрај него на стилот на игра на тимот, бидејќи таквиот принцип ќе биде најлесен за транзицијата во средниот ред, со која кога-тогаш, ќе мора да се соочи актуелниот европски шампион.

Facebook Коментари