Шпанија
Ниту Модриќ, ниту Бензема и Родриго: Видео кое го покажува главниот херој за пласманот на Реал во финалето во ЛШ
Карим Бензема и Лука Модриќ добиваа најголеми пофалби по огромните победи кои ги оставри Реал Мадрид во осминафиналето и четвртфиналето во Лигата на шампионите, додека славата во полуфиналето беше резервирана за Бразилецот Родриго кој се претвори во јунак со двата гола.
Сепак, ако се гледа објективно и се направи ретроспектива на сето она што се случуваше во нокаут фазата во Лигата на шампионите, до израз доаѓа и еден играч кој постојано остануваше во сенка, но чие влијание на теренот беше клучно за пласманот во големото финале на 28-ми мај.
Едно видео кое стана посебно вирално на социјалните мрежи ја потенцира цела важност која ја имаше Тибо Куртоа во патот на Реал до новото финале, бидејќи белгискиот чувар на мрежата правеше разлика уште во групната фаза.
На прикажаниот видео материјал се прикажани низа спектакуларни одбрани во клучни моменти, а најдобар дел од се нокаут рундите против ПСЖ, Челси и Манчестер Сити.
Куртоа му одбрани пенал на Меси во Париз, во неколку наврати го сопре и Мбапе, потоа следеа спектакуларни интервенции и против Челси, додека серијата продолжи со бравурозни одбрани против Манчестер Сити, од кои посебно за издвојување е онаа во дуелот со Грилиш кога Реал Мадрид губеше 1:0.
-
Македонијапред 11 часа
Давидовски на Валелунга ја започнува седмата сезона во ТЦР Европа
-
Лига на шампионипред 16 часа
Касемиро призна дека страдал гледајќи го четвртфиналето на „Итихад“: Реал има среќна ѕвезда!
-
Англијапред 16 часа
Фабрегас воодушевен од еден играч на Јунајтед: Треба да се гради тим околу него
-
Англијапред 15 часа
Швајнштајгер со совет за Рашфорд: Би сакал да го видам во друг тим
-
Италијапред 15 часа
Пиоли џентлменски по елиминацијата на Милан: Подобриот тим е во полуфиналето
-
Германијапред 3 часа
Муслиу со гол со глава ја завери победата на Падерборн (ВИДЕО)
-
Балканпред 17 часа
Крстовски со атрактивен волеј погодок донесе победа за Домжале (ВИДЕО)
-
Англијапред 15 часа
Мартинез по контроверзната ноќ во Лил: Не ги разбирам овие правила