Поврзете се со нас

Свет

Ниту Меси, ниту Суарез: Алба најтешко ја прифати срамната елиминација на Интер Мајами (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/InterMiamiCF

Интер Мајами и Атланта рано утрово играа мајсторка за пласман во четвртфиналето на МЛС плејофот, рунда во која на крајот нема да го гледаме големиот фаворит за титулата.

Најдобриот тим во историјата на МЛС лигата во еден регуларен дел од сезоната загуби од тимот кој беше деветти на табелата, а поразот од 2:3 нависитна тешко им дојде на најголемите ѕвезди.

Лионел Меси не можеше да помогне повеќе и покрај тоа што беше меѓу најдобрите на теренот, но ако тој и Суарез полесно ја поднесоа болната елиминација, тоа не важеше за Жорди Алба.

Искусниот лев бек им се нафрли на судиите по крајот на мечот и во лице ги нарекуваше „серковци“, па многу веројатно е дека сега ќе добие и казна за ваквото однесување.

Алба во микс-зоната имаше критики и за форматот на МЛС лигата во плејофот, па јасно е дека поранешниот бек на Барселона е ѕвездата која најтешко го прифати историскиот срам.

Жорди, Меси и Суарез ги одиграа сите 90 минути на овој натпревар, додека Бускетс влезе само во завршницата и стана очигледно дека недоволно подготвениот Серхио и тоа како им недостасуваше на соиграчите од Интер Мајами.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни