Поврзете се со нас

Формула 1

Ниту Хамилтон не остана рамнодушен на историските квалификации во Барселона (Видео)

Објавено

на

Квалификациите во Барселона ни донесоа нов историски момент во Формула 1, бидејќи Луис Хамилтон оствари уште еден огромен подвиг, забележувајќи ја јубилејната 100-та пол позиција во својата феноменална кариера.

Возачот на Мерцедес беше побрз од двата главни ривали на патеката Каталуња и утре ќе стартува прв на трката за Големата награда на Шпанија, а успехот до кој стигна ова попладне е навистина фрапатен и застрашувачки, бидејќи бројката со три цифри дополнително ја потенцира големината на апсолутниот рекордер во оваа категорија.

Иако беше најбрз во еден круг, блиските времиња кои ги имаа Макс Ферстапен и Валтери Ботас се најава за навистина спектакуларна трка утре во Барселона, но засега, во прв план се најде вонсерискиот јубилеј на Британецот на кој и самиот тој не остана рамнодушен.

Хамилтон доби специјален подарок од организаторите на трката во Шпанија, а на тркалото сувенир кое го доби, испишано е местото и датумот на кој оствари нова историја во „најбрзиот циркус“, кое тој го надополни со „штиклирање“ на бројката „100“ и сопствен потпис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни