Поврзете се со нас

НБА

Ниту големата тројка не му помогна на Лејкерс, Леброн испрати порака до навивачите

Објавено

на

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ја продолжи лошата низа на резултати во подготвителниот период и во петтиот натпревар го претрпе петтиот пораз.

На клубот од „Стејплс Центарот“ кој летово направи големи промени во играчкиот кадар не им помогна ниту големата тројка Леброн Џејмс-Ентони Дејвис-Расел Вестбрук која за првпат заигра заедно, дебитираше против Голден Стејт Вориорс. Меѓутоа овие имиња не им беа проблем на „воините“ кои славеа со 111-99, односно со ова го натераа Леброн да се огласи и да испрати барање до навивачите, јавноста, да бидат трпеливи кога се во прашање резултатите и играта на Лејкерс.

-Ќе ни треба минута да станеме тим за кој знаеме дека ќе бидеме способни. Ќе имаме моменти во кои нема да бидеме таму каде што сакаме. Можеби ќе направиме чекори наназад. Ама сето тоа е дел од … Мислам дека ништо не вреди да се има ако не вреди да се работи.

-Јас како лидер, мојата работа е за мене да не се фрустрирам. Ако не се фрустрирам, мислам дека ќе допре до останатите. Никогаш не сум бил човек на кого му е ок да не биде одличен. Но разбирам дека на работите им е потребно време. Се додека ја чувам главната работа како главна, да се остане мирен без разлина на тоа што се случува клубот, тогаш ќе бидеме во ред, -порача Џејмс.

Лејкерс имаат уште еден меч во подготовките против Сакраменто Кингс за да потоа на отварањето на сезоната се соочат со Голден Стејт Вориорс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни