Поврзете се со нас

Франција

Ниту еден играч нема повеќе трофеи од него: Меси додаде уште еден пехар во неговите витрини (ВИДЕО)

Објавено

на

Лионел Меси беше стрелец за Пари Сен Жермен на гостувањето кај Стразбур, гол кој беше доволен за „светците“ официјално да ја освојат титулата во Лига 1.

Аргентинецот на овој начин дојде до 43 пехар во својата досегашна кариера, односно сега нема ниту еден потрофеен играч од напаѓачот. Тој на вечната листа е израмнет со Дани Алвес кој е во затвор и многу тешко дека во иднина ќе има можност да се израдува на нов успех што значи дека Лео има шанса во блиска иднина и самостојно да се издвои на врвот.

Со вчерашниот гол ветеранот воедно стана најдобар стрелец во Топ 5 лигите во Европа (496).

Еве како „Бличер Рипорт“ го одбележа 43 успех во кариерата на фудбалерот кој во наредната сезона ќе го гледаме во друга средина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни