Поврзете се со нас

Германија

Ниту „Д“ од дерби: Немилосрдниот Баерн го уништи Леверкузен за 37 минути (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Баерн Минхен му одржаа лекција на Баер Леверкузен во мечот кој требаше да биде дерби на осмото коло во Бундеслигата.

Ова беше битка меѓу актуелнииот шампион и екипата која се наоѓа на третото место на табелата, но колкава е разликата меѓу Баерн и Баер најдобро говори конечниот резултат на „Бај Арена“ од 5-1. Момците на Нагелсман „испукаа петарда“ и тоа уште во првото полувреме во кое прво Левандовски даде два гола, потоа погоди Милер за да двапати во листата на стрелци се запише и Гнабри.

Во вториот дел „баварците“ подзастанаа или поточно не беа ефикасни, па единстевниот гол беше дело на Шик кој колку толку го ублажи поразот на „фармацевтите“.

Баерн со 19 бода се врати на чело на табелата пред Дортмунд кој има 18 бодови.




Реклама
Реклама
Реклама

Популарни