Италија
Ниту „Д“ од дерби: Интер го понижи Лацио на „Олимпико“ (ВИДЕО)
Интер го разби Лацио со неверојатни 6-0 во дерби натпреварот во Серија А, меч со кој се затвори 16. коло во најквалитетниот италијански шампионат.
Иако ова требаше да биде соочување на два тима кои се при самиот врв и се борат за највисок пласман, актуелниот шампион ги понижи лацијалите во нивниот дом на „Олимпико“. Самиот старт на натпреварот не најави ваков резултат, но гостите имаа моќен финиш на првото полувреме кога набрзина дојдоа до водство од 2-0 преку Чалханоглу од пенал и дефанзивецот Димарко.
Во вториот дел сите удари на „нероаѕурите“ во рамките на голот завршија во мрежата на Проведел, а во листата на стрелци се запишаа Барела, Дамфирс, Карлос Агусто и Тирам.
Четата на Инѕаги со 34 бода е на третата позиција на табелата, Лацио со 31 го држи петтото место.
-
АТП19 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација20 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија21 час
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија21 час
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)
-
Италија16 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан