Поврзете се со нас

Свет

Ништо од враќање во Јувентус: Кјелини доби прва работа по крајот на играчката кариера (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfcen

Џорџо Кјелини стави крај на својата играчка кариера во моментот кога заврши натпреварувачката сезона во МЛС лигата, но и покрај тоа што се шпекулираше за негово враќање во Јувентус, легендарниот стопер првата фудбалска авантура како тренер ќе ја има во Америка.

МЛС претставникот Лос Анџелес соопшти дека Кјелини ќе се врати во САД, откако постигнал договор да биде дел од тренерскиот тим кој ќе се грижи за развојот на фудбалерите во првиот тим.

Легендарниот Џорџо ќе ги стекне првите искуства како тренер далеку од дома, што ќе биде продолжение на извонредните 18 месеци кои ги имаше на крајот од кариерата.

– Бевме благодарни што Џорџо ги одигра последните 18 месеци од својата играчка кариера во Лос Анџелес.

– Во тоа време тој докажа каква предност носи Лос Анџелес, а ние сме возбудени што ќе додадеме навистина брилијантен фудбалски ум, неверојатен лидер и уште подобра личност во нашиот стручен штаб за претстојната сезона, – се вели во објавата на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни