Поврзете се со нас

Италија

Ништо од трансферот на Џеко: Пирло добива нов напаѓач од Атлетико Мадрид (Фото)

Објавено

на

Најавениот трансфер на Един Џеко во Јувентус требаше да се реализира во таканаречен „домино ефект“, но сепак целата оваа операција на крајот пропадна откако Аркадиуш Милик не ги финализираше последните детали со Рома за премин во престолнината.

Во ваква ситуација, Рома не планира да го продаде својот најдобар напаѓач и да остане без замена за него, па поради тоа, Јувентус се насочи кон друга мета и италијанските медиуми веќе најавуваат дека е постигнат договор за трансфер.

Паратичи вчера јасно стави до знаење дека Џеко не е едиствениот напаѓач на листата, но веќе се поизвесно е дека нов центарфор во тимот на Андреа Пирло ќе биде Алваро Мората. Атлетико Мадрид ги договори личните услови со Луис Суарез од Барселона, но за да го доведе, приморан е да продаде еден од своите напаѓачи во тимот на Чоло.

Тоа ќе биде Шпанецот Мората, кој се очекува веќе утре да пристигне во Торино на медицински прегледи, па така по вторпат во кариерата ќе го облече дресот на Јувентус.

Сите угледни новинари од Италија и респектабилни медиуми веќе го најавуаат трансферот, за кој Јувентус најпрво ќе исплати 10 милиони евра за позајмицата, а потоа уште 45 милиони евра наредното лето доколку сака целосно да го откупи договорот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни