Поврзете се со нас

АТП

Ништо од српската соработка: Ѓоковиќ без тренер ќе атакува на нова титула на Ролан Гарос

Објавено

на

Foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Новак Ѓоковиќ се наоѓа во необична ситуација и после долги години ќе настапи на Ролан Гарос без ниту еден освоен трофеј од стартот на годината, па затоа самиот тој посочи дека не влегува како фаворит за највисок пласман.

Ноле последниот шок го доживеа пред два дена во Женева и загуби од уште еден далеку понеквалитетен противник, а лошата форма која го следи од јануари самиот ја збогати и со неколку неочекувани одлуки.

Ѓоковиќ се раздели со долгогодишниот соработник Горан Иванишевиќ и остана без тренер на крајот на месец март, па иако во април соработуваше со Ненад Зимоњиќ, на крајот отпатувал без тренер во Париз.

Новак нема да ја продолжи соработката со привремениот тренер Зимоњиќ кој инаку е и негов стар пријател, а ова денеска го потврдија сите угледни српски медиуми кои имаат близок однос и со најблиското опкружување на светскиот рекет број еден.

Ѓоковиќ забележа потпросечни резултати на турнирите на земјена подлога и во Париз негова поддршка ќе бидат Милјан Амановиќ како физиотерапевт и Гебхард Фил-Грич како кондициски тренер, па на крајот се оствари она што го најави, односно дека може да ја продолжи кариерата без прв тренер.

Ноле ќе влезе на Ролан Гарос како бранител на титулата, а противник во првото коло ќе му биде Пјер Иго Ербер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни