Поврзете се со нас

Свет

Ништо од Серија А: Перишиќ пред преселба во далеку послаба лига во Европа

Објавено

на

Foto:x.com/hajduk

Иван Перишиќ самиот посака да го напушти Хајдук и таа желба му беше исполента, но истата беше пропратена со голема драма поради изјавата на Џенаро Гатузо.

Италијанскиот стручњак беше тој што и откри на јавноста дека Перишиќ веќе не се гледа себеси во проектот на клубот од Сплит, па откако на доста непријатен начин си замина од родната земја, искусното крило беше во контакт со неколку клубови.

Изминатиов викенд се пишуваше дека Перишиќ е пред потпис со Монца, но бидејќи Адријано Галијани не дал зелено светло за комплетирање на операцијата, Хрватот сега е пред трансфер во далеку послаба лига.

Како што велат последните извори блиски до фудбалерот, Перишиќ е во завршни преговори за трансфер во ПСВ, клуб во кој може да се приклучи во било кој момент поради тоа што е слободен агент.

Информациите се доста веродостојни и почнаа да ги потврдуваат и најугледните холандски медиуми, кои додадоа дека Перишиќ може да ја комплетира операцијата до крајот на денот, или најдоцна утре.

ПСВ ја освои титулата минатата сезона, а тимот од Ајндховен тргна максимално добро и на стартот на новата во која има биланс „пет од пет“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни