Ништо од преселбата во „црвено-црните“: Го одбив Вардар, мојот избор е Мешков Брест!

ivan pesic

Екипата на Вардар во следната натпреварувачка сезона ќе има сосема поинаков лик, голем број од досегашните членови веќе договорија преселба во нови клубови, а еден од нив е и голманот Арпад Штербик кој се враќа во Веспрем.

Штербик беше, поточно се уште е еден од најважните луѓе во „црвено-црниот“ табор, меѓутоа низ јавноста почнат да кружат неколку имиња кои би можеле да го наследат големиот Арпад, а на листата се најде и Иван Пешиќ.

Хрватскиот репрезентативец веќе неколку сезони е дел од Мешков Брест, па со своите партии го привлече вниманието на вардарци. Меѓутоа од таа опција нема ништо, бидејќи денеска од Белорусија дојде информација дека Пешиќ го продолжил договорот до 2022 година.

– Мешков Брест е сериозен и амбициозен проект кој сум сигурен сум дека има одлична иднина. Во Брест се чувствувам одлично, удобно. Искрено имав понуди од други клубови од Европа меѓу нив Вардар и унгарски Пик Сегед, ама го одбрав Брест. Заедно со Мешков  сакам да ја освојам Лигата на шампионите. Тоа е мојот сон. Благодарен сум му на клубот за довербата, за продолжувањето на соработката, -истакна Пешиќ.

Facebook Коментари