Поврзете се со нас

Европски купови

Ништо од оптимистичките најави: Магдебург покажа моќ против Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Хрватот Жељко Бабиќ тврдеше дека Магдебург имал многу лоша ждрепка со извлекувањето на Еурофарм Пелистер како противник, но ако се суди според првиот меч кој вечерва го гледавме во Битола, гостите од Германија ни го презентираа сосема спротивното и најавија лесен пласман во наредната рунда.

Денешниот меч во Лигата на Европа започна на најлош можен начин за македонскиот претставник, Магдебург направи серија од 0:4, и веќе од тој момент почна да го контролира натпреварот кој беше максимално едносмерен.

Бундеслигашот направи плус осум уште во првото полувреме, на пауза замина со предност од 9:15, но на крајот одново се избори за разлика од осум гола и навистина комотна победа на гостувањето во Македонија (24:32).

Максималната предност која ја имаше Магдебург беше плус девет, што е само доказ за доминацијата која ја имаа гостите на вечерашниот меч кој дојде во најлош период за амбициозните битолчани кои најавуваа сензација на домашен терен.

Наместо тоа, дожива болно соочување со реалноста, па сега на гостувањето во Германија ќе мора да направат чудо за да се пласираат во наредната нокаут рунда во Лигата на Европа.

Што се однесува до статистичките податоци, Мандалиниќ постигна шест гола од 11 обиди и беше најефикасен во Еурофарм, Граџан даде еден помалку, додека во победничкиот табор, Магнусон даде десет, а Дамгард шест погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни