Поврзете се со нас

Италија

Ништо од Лабадија, Џенова изненади со изборот на нов тренер

Објавено

на

Од таборот на Џенова пред неколку денови и официјално му врачија отказ на Андриј Шевченко по лошиот период поминат на клупата на италијанскиот тим.

Шевченко собра само три бода на девет одиграни натпревари во Серија А, па неминовна беше разделбата со некогаш фантастичниот голгетер на Милан и Челси.

На големо се шпекулираше дека него ќе го замени искусниот Бруно Лабадија кој претходно има работено во Волфсбург, Баер Леверкузен и Херта Берлин, а дел од медиумите објавија дека веќе е и постигнат договор со овој стратег.

Сепак, предмалку Џенова го објави името на новиот стратег, а тоа не е Лабадија, туку многу понеискусниот, Александер Блесин.

Станува збор за германски стратег кој има 48 години и кој досега единствено го водел белгискиот тим Остенде од каде доаѓа во Џенова.

Претходно во кариерата Александер Блесин ги водел само младинските тимови на Ред Бул Лајпциг, па јасно е дека Џенова ќе биде најголем предизвик во неговата кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни