Поврзете се со нас

Шпанија

Ништо од кам-бек во Арсенал: Касорла ја одложи пензијата поради големото разочарување (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/RealOviedo

Санти Касорла ја отвори вратата отворена за премин во стручниот штаб на Микел Артета, но оваа опција засега се одложува, а причина за тоа е веста која пристигнува од Шпанија.

Легедарниот играч за врска мина низа медицински пекол пред да ужива во завршната етапа од својата кариера, па очигледно планира да ја заобиколи пензијата најмногу што може.

Иако беше отворен за прекина на кариерата на 39-годишна возраст, денеска стана јасно дека Касорла ќе игра фудбал уште најмалку една година, и тоа во матичниот Реал Овиедо.

Касорла и соиграчите доживеаја големо разочарување во плејоф финалето и останаа на чекор од Примера, но овој тежок удар го мотивираше Санти да остане во Овиедо барем уште една година.

– Продолжувам бидејќи ова е мојот дом. Ова беше незаборавна година за мене, без разлика на горчливиот крај на последниот меч со Еспањол. Ако по нешто е познат овој клуб, тоа е дека брзо станува после тешките моменти. Со мислите веќе сум во следната сезона, ќе дадеме се од себе за да се најдеме во Примера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни