Поврзете се со нас

Англија

Ништо од Јувентус: Прецртаниот играч од Гвардиола се сели во Вест Хем

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Калвин Филипс дојде како големо засилување за средниот ред на Пеп Гвардиола пред 18 месеци, но откако никогаш не доби вистинска шанса од шпанскиот стручњак, англискиот репрезентативец реши да си ја бара среќата на друго место.

Дефанзивниот играч за врска некое време преговараше со Јувентус и изгледаше дека е најблиску до клубот од Торино, меѓутоа ситуацијата драстично се промени откако актуелниот лидер во Серија А сфатил дека не планира да ги исполни неговите финансиски барања.

Платите во Премиер лигата се на друго ниво во споредба со Серија А и тоа се покажа како главна пречка за комплетирање на зделката, па по повлекувањето на Јуве, Филипс сега ги договорил сите детали со Вест Хем.

„Чеканите“ не добија вистинска замена за Деклан Рајс кој реши да си замине изминатово лето, па профил на играч како Филипс е нешто што навистина му недостасува на Дејвид Мојс.

Угледните англиски таблоиди ова попладне информираат дека договорот меѓу двата клуба е конечен и дадено е зелено светло за позајмица, која може да се претвори и во перманентен трансфер на крајот од сезоната.

Вест Хем ќе задржи право да го откупи договорот на Филипс претстојново лето, а тоа сигурно ќе зависи од перформансите кои ќе ги прикаже наредниве неколку месеци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни