Свет
Ништо од Интер и Милан: Влијателниот оперативец го носи Папу Гомез во Шпанија

Алехандро Папу Гомез дефинитивно нема иднина во Аталанта и најдобар доказ за тоа се последните осум натпревари на тимот од Бергамо, на кои доскорешниот капитен не беше повикан од страна на тренерот ЏанПјеро Гасперини.
Аргентинецот влезе во сериозен конфликт со тренерот на Аталанта и се чини дека од таа точка нема враќање назад, па иако Аталанта нагласи дека нема да брза со продажбата на искусниот играч за врска, во последните неколку часа се појави информација дека веќе се започнати преговори за негово заминување.
Иако првично се веруваше дека Серија А и натаму ќе биде негова дестинација поради интересот на Интер и Милан, Папу Гомез во овој момент е блиску до преселба во Шпанија, бидејќи постои интерес од еден од најдобрите оперативци во светот на фудбалот.
Мончи одново создаде моќен тим во Севилја со минимално трошење на пари и добрите проекции донесоа резултат, а сега самиот призна дека Севилја започнала преговори за позајмица на Гомез, со цел играчот да биде откупен по крајот на сезоната.
– Работиме на случајот Папу Гомез, но има уште долг пат за изодување. Се надеваме дека работите брзо ќе се разјаснат, – изјави Мончи.

- Германијапред 21 час
Големото засилување на Борусија од Реал конечно проработи: Постигна деби гол во Бундеслигата после цели шест месеци (Видео)
- Англијапред 24 часа
Чекор поблиску до Бекам: Де Брујн сега е меѓу десетте најдобри асистенти во историјата на ПЛ (ФОТО)
- Англијапред 22 часа
Судијата Мејсон се посрамоти и предизвика неверојатна конфузија на дуелот ВБА-Брајтон (Видео)
- Италијапред 21 час
Букмејкерите предвидуваат лесни победи за фаворитите во Серија А
- Шпанијапред 21 час
Куман не му даде ниту една минута на Гризман: Ова не е казна за него, ни требаше побрз играч!
- Италијапред 23 часа
Фонсека: Милан е во криза? Не верувам во тоа, тие имаат…
- Германијапред 19 часа
Нојер не штеди никого: Капитенот на Баерн бесно викаше по „заспаниот“ Алаба (Видео)
- Италијапред 23 часа
Балардини: Интер е најдобра екипа во Серија А, ние имаме една цел