Ништо од фудбал: Репрезентативците до 21 година нема да играат на замрзнатиот терен (Фото)

teren-zamrznat

Селекторот Благоја Милевски на вчерашниот прес изјави дека неговите фудбалери не можеле нормално да го одработат тренингот поради замрзнатиот терен на Фарски Острови, а ова попладне пристигна официјална информација дека натпреварот од квалификациите за Европското првенство сепак нема да се одигра.

Поради катастрофалните услови на стадионот во Торшавн, одговорните луѓе проценија дека нема никакви шанси да се одигра мечот кој требаше да биде на програмата денеска, па така, овој квалификациски меч се одложува за наредната година, или поточно за месец јуни.

На овој начин, македонската фудбалска селекција до 21 година ја завршува годината како третопласирана селекција во својата група, пред новите предизвици во 2020-та година кога Македонија ќе игра против Израел во месец март.

farski-zamrznat1

farski-zamrznat

 

Facebook Коментари