Поврзете се со нас

Репрезентација

Ништо од финалето во Шопрон: Четата на Симиќ немаше одговор за расположената Унгарија

Објавено

на

Македонската машка младинска репрезентација доживеа пораз од Унгарија од 99-44 во полуфиналето на ФИБА „Челинџер“ турнирот во Шопрон.

„Црвено-жолтите“ како што пожакува и самиот резултат немаа решение за противникот кој од четвртина во четвртина само го зголемуваше водството за на крајот предноста биде дури 55 кошеви. Катастрофата беше најавена уште во првите 10 минути во кои примивме дури 29 поени (29-10) за да во вториот период успееме да воспоставиме некоја рамнотежа (12-7).

Во вториот дел Унгарците продолжија да ја „кинат“ нашата мрежа и сосема заслужено утре ќе играат за првото место на турнирот и тоа против Белорусија.

Палаи со 15 беше прв стрелец кај победникот, кај нас единствена светла точка беше Димитровски со 18 поени.

Утре избраниците на Тони Симиќ ќе го одиграа последниот натпревар за третото место против Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни