Ништо од финалето: Ракометните надежи запрени од Белорусија на ЕХФ шампионатот во Тбилиси

makedonija-belorusija

Македонската машка ракометна репрезентација до 18 години не успеа да обезбеди пласман во финалето на ЕХФ шампионатот што се игра во Тбилиси, Грузија.

Младите ракометари денеска загубија од своите сонародници од Белорусија со 32-30 со што ги загуби шансите за пласман на ЕП 2020. Ова за четата на Данило Брестовац беше прв пораз на шампионатот, но истиот дојде во најлошо време, па така утре само останува борбата за бронзениот медал против Швајцарија.

Во однос на денешниот меч, ние одигравме лошо во првиот дел во кој му дозволивме на противникот да нарпави позитива од четири голови (17-13), предност која не успеавме да ја анулираме во продолжението.

Facebook Коментари