Поврзете се со нас

Македонија

Ништо од договореното засилување: Иако и Алушевски потврди дека доаѓа во Вардар, играчот потпиша тригодишен договор со Мешков Брест

Објавено

на

Иако се најавуваше како сигурно засилување на Вардар, а тоа го потврди и тренерот на „црвено црните“, Стевче Алушевски, рускиот ракометар, Дмитри Санталов нема да дојде во Скопје.

Од таборот на Мешков Брест денеска потврдија дека 24 годишниот лев бек потпишал договор со нив и ќе остане во белорускиот тим во следните три години.

Санталов играше за Чеховски Медведи и имаше преддоговор со Вардар, а дека ќе пристигне во Скопје потврди и Стевче Алушевски во интервју за „Балкан Хендбол“.

Сега вардарци остануваат само со Филип Талески и Кристијан Дисингер на левата бековска позиција и се уште не е познато дали ќе тргнат по нов ракометар кој ќе му претставува конкуренција на овие играчи.

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Анте Гаџа ќе биде нов ракометар на Вардар, а од претходно во клубот пристигнаа Јагуриновски, КАнтегрел, Талески и Георгиевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни