Ништо од Димитриевски: Бетис си најде нов голман

stole

Иако се шпекулираше дека следна станица за Столе Димитриевски ќе биде тимот на Реал Бетис, по се изгледа тоа нема да биде така.

Причината е тоа што Бетис го ангажираше голманот на Евертон, Жоел Роблес кој со клубот потпиша четиригодишен договор.

28 годишниот голман помина пет сезони на „Гудисон Парк“, но ретко добиваше шанса како прв чувар на мрежата на Евертон.

За нашиот Димитриевски пак постои интерес и од страна на Еспањо и Малага кои ќе се обидат во следниот период да го донесат во своите редови.

Facebook Коментари