Германија
Ништо од „чудото од Истанбул“: Алонсо даде објаснување за минхенската „петарда“ во ЛШ

Букмејкерите и фудбалските експерти од најреномираните емисии за Лигата на шампиони му дадоа предност на Баер Леверкузен во големото германско дерби во осминафиналето, но реалноста ни покажа дека во ниту еден случај и во било какво сценарио не смее да се потцени великанот од Минхен.
Баерн покажа дека е далеку поискусен и поквалитетен тим од Леверкузен во овој момент и со вкупни 5:0 авторитативно се пласираше меѓу осумте најдобри, билет кој го завери со нова победа, овојпат со 0:2 на гостински терен.
Пред натпреварот на „БајАрена“, Чаби Алонсо најавуваше дека ќе ги мотивира своите фудбалери за пресврт со „чудото од Истанбул“, но такво нешто во ниту еден момент не беше реално, бидејќи Баерн беше поконкретен и на втората пресметка по почетните 3:0 од „Алијанц арена“.
Чаби Алонсо мораше да му честита на својот поранешен клуб за кој играше во играчката кариера, но излезе и со првите впечатоци за болната елиминаија како тренер во најелитното натпреварување.
– Не се предадовме, во првото полувреме се обидовме да направиме нешто и бевме блиску да го отвориме резултатот од прекини. Беше малку хаотично на теренот, но момците дадоа се што имаа. После првиот гол на Баерн, работите станаа исклучително тешки.
– Лигата на шампиони е натпреварување каде не смее да правите грешки, а ние направивме премногу, особено на првиот меч. Потребно ни беше нешто спектакуларно за пресврт, но не бевме ниту блиску до тоа. Не ни недостасуваше квалитет на овие два меча, ни недостасуваше ефикасност. Севкупно гледано, имаме неверојатен развој како тим и клуб во последните две години, но следниот чекор е оној најтешкиот. Сакаме да бидеме уште подобри и да се натпреваруваме со најдобрите и ќе одиме по тој пат. Не треба да се гледа се како катастрофа после ваков пораз, – изјави Алонсо.
-
Лига на нации18 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија14 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации18 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Репрезентација9 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации19 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Свет17 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)