Поврзете се со нас

Лига Европа

Ништо од англиско финале и во Лига Европа: Вилјареал остана непоразен во Лондон и се пласираше во финалето (Видео)

Објавено

на

Екипата на Вилјареал ја зачува предноста против Арсенал која ја заработи на првиот полуфинален натпревар кој го доби со 2:1.

На „Емирејтс“ Арсенал беше благ фаворит иако имаше негатива по првата пресметка, меѓутоа избраниците на Унаи Емери ги расипаа плановите на „топчиите“ и на крај сосема заслужено се пласираа во финалето.

Натпреварот во Северен Лондон не донесе голови, а не понуди ни којзнае каков фудбал. Очекувано, Арсенал имаше подобри прилики за гол, меѓутоа мрежата на Рули остана недопрена.

На вториот натпревар одигран во Рим, екипата на Рома славеше пирова победа со 3:2 против тимот на Манчестер Јунајтед кој уште на првиот натпревар си ја заврши работата и го чекираше патот за Гдањск.

Манчестер Јунајтед поведе со голот на Кавани и со минимална предност замина на полувреме. Во вториот дел видовме уште четири погодоци. Прво Џеко израмни на 1:1 во 57. минута, а потоа Кристанте три минути подоцна погоди за 2:1.

Единсон Кавани не дозволи надеж за Рома затоа што во 68. минута го изедначи резултатот на 2:2, а конечните 3:2 ги постави Залевски кој со помош на Алекс Телес по трет пат го матираше Де Хеа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни