Поврзете се со нас

Свет

Ништо ново: Вернер промаши празен гол па повторно стана мета на сеирџиите (Видео)

Објавено

на

Германскиот репрезентативец Тимо Вернер повторно се најде во центарот на вниманието по уште едно негово неверојатно промашување.

На натпреварот против Исланд, напаѓачот на Челси повторно не го реализираше она што беше потешко да се промаши отколку да се погоди.

Во еден момент, Вернер доби одлична топка од Клостерман и неговата задача беше само истата да ја спроведе во празната мрежа на исландската репрезентација.

Наместо да го направи тоа, напаѓачот неубаво ја закачи топката која летна далеку над голот, по што Вернер уште еднаш си доби место на „ѕидот на срамот“ на социјалните мрежи каде веќе на големо се шегуваат со ова негово ново промашување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни