Поврзете се со нас

АБА лига

Ништо ново на вечното дерби во Србија: Прекин од навивачите и победа на Црвена Звезда (Видео)

Објавено

на

Првото вечно дерби во српската кошарка во новата сезона почна идентично како оние од крајот на минатата АБА сезона, односно донесе еден прекин и победа на Црвена Звезда.

Партизан влезе како благ фаворит поради подобрата форма и силниот ростер оваа сезона, но Звезда влезе во страшна серија со новиот тренер Ивановиќ и денеска успеа да ја запише петтата победа во низа, нанесувајќи му го првиот пораз на големиот ривал.

ПРвата четвртина почна со многу борба и израмнета игра, а по еден дуел на Никола Ивановиќ и Зек Ледеј, почнаа да летаат предмети на теренот од трибините и судијата веднаш го прекина мечот.

Судиите и играчите се повлекоа во соблекувалната и прекинот траеше доста долго, односно додека не се испразни секторот во кој беа најстраствените навивачите на Црвена Звезда која имаше улога на домаќин.

По враќањето на теренот, двата тима беа расположени во офанзивен план и втората четвртина заврши со 29:30 за Партизан, па така резултатот на полувреме гласеше 49:48 за Звезда.

Доста тесно беше и во третиот период по кој домаќинот се одлепи на „плус пет“, а тоа беше доволна мотивација за моќна игра во клучниот период кој „црвено-белите“ го добија со 20:9. На тој начин Звезда стигна до победа од 90:74, триумф во кој најдобри беа Вилдоза со 19 и Недовиќ со 17 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни