Поврзете се со нас

АБА лига

Ништо ново: МЗТ Скопје преслушан од Студентски Центар во „Морача“

Објавено

на

Македонскиот шампион МЗТ Скопје продолжува да бележи порази во АБА лигата со што е еден чекор поблиску од испаѓање од најдоброто клупско натпреварување на овие простори.

Средбата со Студентски Центар како дуел на кој „штрковите“ ќе се обидат да ја прекинат лошата серија, дојдат до триумф кој би овозможил кревање на самодовербата, меѓутоа клубот од Аеродром беше далеку од било каков позитивен резултат во „Морача“. Уште во првата четвртина прими 36 поени, на полувреме губеше со 15 разлика (62-47) по што стана јасно дека тешко ќе се дојде до славје против популарните „студенти“.

Ништо не се промени ни по паузата, па на крајот МЗТ загуби со 103-85.

Кефи и Миќовиќ со по 20 поени беа најефикасни, браќата Стојановски реализираа по 10 и 11 кошеви. Џексон пак со 20 поени беше прв стрелец кај победничкиот состав.

МЗТ сега има учинок 2-15, во следото коло ја дочекува Цедевита Олимпија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни