Поврзете се со нас

Свет

„Нинџата“ Раџа во голем проблем: Наинголан лишен од слобода поради шверц на кокаин

Објавено

на

Foto:instagram.com/radja_nainggolan_l4

Раџа Наинголан се уште е фудбалски активен и останува да игра во својата родна земја, но неколку седмици по реализираниот трансфер, тој денеска стапа топ тема во Белгија поради веста која одекна како бомба.

Поранешната ѕвезда на Рома е лишена од слобода поради активна истрага за шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа, акција во која се вклучени и уапсени повеќе лица од Брисел и Антверп, вклучувајќи го и Раџа.

Јавното обвинителство на Брисел денеска соопшти дека Федералната полиција извршила 30 претреси во понеделникот наутро, главно во провинцијата Антверп, но и околу Брисел како дел од опширната истрага.

Во официјално соопштение се вели дека Наинголан е вклучен во случајот и токму поради тоа е лишен од слобода, па сега дополнително ќе се бараат докази за неговата инволвираност во целиот ланец чија главна цел била да се увезе кокаин од Јужна Америка.

Наинголан пред извесно време потпиша за второлигашиот Локерен Темсе и постигна гол на деби настапот, но сега дефинитивно има големи проблеми со законот и прашање е дали воопшто ќе заигра фудбал во блиска иднина.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни