Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нилсен во елемент, Барселона го понижи Кил во Келн

Објавено

на

Екипата на Барселона ќе биде ривалот на Алборг во утрешното големо финале во ракометната Лига на шампиони.

Најдобриот шпански клуб во второто полуфинале во Келн му одржа вистинска лекција на Кил совладувајќи го со 30:18 со што испишана е нова историја затоа што ова е најголем триумф на еден тим на завршен турнир.

„Зебрите“ само на моменти беа достоен ривал, односно кога немате континуитет и кога ќе го разбраните голман Нилсен тогаш е многу тешко да се надевате на позитивен резултат против Барселона.

Избраниците на Ортега беа подобри во двете полувремиња кои интересно ги реализираа со идентичен резултат 15-9.

Во елемент беше голманот Нилсен кој забележа 15 интервенции, листата на стрелци ја предводеше Ричардсон со 5 реализации.

Утре Барса ќе има можност да дојде до 12. европска титула.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни