Поврзете се со нас

Светски првенства

Нилсен имал тешка и бурна ноќ пред финалето со Хрватска: Не јадев ништо цел ден

Објавено

на

Емил Нилсен пристигна во финалето со просек од 14 одбрани по натпревар на Светското првенство, а во завршниот меч против Хрватите, данскиот голман повторно беше на висина на задачата.

Нилсен посебно беше важен во првото полувреме во кое забележа дури девет одбрани, па откако мечот го заврши со вкупно 13, сосема заслужено беше избран за најдобар голман на турнирот.

Заменикот на легендарниот Никлас Ландин беше важна алка во данскиот тим во потерата по четвртото злато во низа, а откако се закити со најсјаното одличје, Нилсен им открил на новинарите дека имал навистина тешка ноќ пред финалето со Хрватска.

– Зад мене оставам многу бурна ноќ. Се разболев и тоа ме мачеше во текот на целата ноќ. Не спиев цела ноќ, успеав да склопам око дури во 9 или 10 часот наутро.

– Ги пресконав сите активности во текот на денот и се разбудив половина час пред да одиме во теретана. Не јадев ништо од нервоза и од стрес, па затоа сум посебно среќен што на крајот се завршува добро, со победа и со освоен златен медал, – изјавил Нилсен за данските медиуми.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни