Европски првенства
Николовски блескаше на голот, ракометните кадети ја победија Италија за опстанок во елитата

Македонската машка кадетска репрезентација ја победи Италија (23:19) во натпревар од разигрувањето на Европското првенство во Црна Гора и ја оствари примарната цел на овој престижен турнир.
Нашите ракометни надежи со денешниот триумф ја искористија втората шанса за обезбедување опстанок во елитното друштво, па Македонија ќе има свој претставник и на следното издание на европските првенства во оваа конкуренција.
Избраниците на селекторот Наум Танески добро го започнаа натпреварот и направија солидна предност, но Италија возврати за резултат 11:11 по првото полувреме.
Во продолжението имавме и плус четири, противникот повторно се закани и дојде на минус еден, но македонската репрезентација го издржа притисокот и на крај стигна до важна победа.
Митев со 6 и Крстевски со 4 голови беа најефикасни во македонскиот состав, а фантастичен настап имаше пред се голманот Ѓорѓи Николовски кој собра 18 одбрани со 50% успешност.
Кадетите дополнително ќе го дознаат следниот противник во разигрувањето за место од 17 до 20. позиција.
-
Италија5 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија6 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија7 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија8 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Англија7 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Балкан4 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Свет2 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
Англија24 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)