Николов: Се надевам дека искуството од Европа со Вардар ќе ми користи за настапите со Видеотон во Лигата на шампионите

nikolov

Македонскиот репрезентативец и член на новиот шампион на Унгарија, Видеотон, Бобан Николов во интервју за клупскиот вебсајт истакна дека неговото искуство од играњето во Европа со Вардар ќе му помогне за настапите со клубот во квалификациите од Лигата на шампионите.

Николов беше еден од клучните играчи на Видеотон во битката со Ференцварош за титулата во унгарскиот шампионат.

-Во моето прво интервју откако дојдов во клубот реков дека доаѓам за да ја освојам титулата. Сега ние ја постигнавме таа цел. Уживав во секој момент помогнувајќи му на Видеотон со неколку голови. Најдобриот момент за мене беше натпреварот против Хонвед и одлучувачкиот гол кој го постигнав. Може да ја видите мојата реакција по ток погодок.

-Со Вардар играв во групната фаза од Лига Европа. Се надевам дека искуството кое го собрав тогаш ќе ми користи во квалификациите за Лигата на шампионите. Сега е време да се одмориме. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи за фантастичната поддршка- коментираше Николов.

Facebook Коментари