Свет
Николов „пукаше“ тројки против Истанбул Анка Спор (ВИДЕО)
Македонскиот интернационалец, Кристијан Николов беше меѓу најзаслужните што Пицабулс Џеди Осман Баскет славеше над Истанбул Анка Спор со 81:73 во втората лига на Турција.
Гостите беа подобри во само една четвртина, меѓутоа тоа се покажа како доволно за да го освојат целиот плен на овој дуел. Николов и компанија беа посебно расположени за игра во третиот период кој го реализираа со 25:13 со што го свртеа резултатот во своја полза и потоа ја задржаа предноста.
Нашиот ас за 20 минути на паркетот реализираше 13 поени (2/3 за два, 3/4 за три) со 4 скока и 4 асистенции. Лидер беше Барнс со 22 кошеви, 5 скока и 8 асистенции.
Со учинок 3-1 тимот кој е во сопственост на Џеди Осман се наоѓа на третото место на табелата.
-
Шпанија22 часа
ВАР поништи гол за Барселона под сомнителни околности, лидерот падна во Баскија (ВИДЕО)
-
Италија11 часа
Конте бесен по дербито со Интер: Вакви одлуки поттикнуваат теории на заговор! (Видео)
-
Англија11 часа
Аморим: Руд е легенда на Јунајтед, морам да разговарам со него
-
Шпанија13 часа
Ханси Флик: Не бев бесен, му кажав само една работа на судијата за милиметарскиот офсајд на Левандовски
-
НБА12 часа
Јокиќ со брутално издание ја доби кошаркарската драма со Дончиќ (Видео)
-
Англија12 часа
Артета лут: Ова не се стандардите кои ги наметнавме
-
Европски првенства21 час
Лазаров: Нема простор за паника, имаме јасно поставена цел!
-
Италија23 часа
Ултрасите на Рома удрија по сите по најновиот пораз на клубот: Вие сте неспособни и недостојни…