Поврзете се со нас

Балкан

Николов потпиша за тим кој ќе игра во Конференциската лига на УЕФА

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Бобан Николов договори нов ангажман и тоа во клуб кој ќе игра во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА.

Играчот од средината на теренот потпиша за Борац Бања Лука, тим на кој летово му се приклучи и голманот Дамјан Шишковски.

-Сакам да ги поздравам сите навивачи на Борац со желба да имаме успешна сезона. Момците досега направија историски успех, но се надевам дека нема да застанеме тука и со многу храброст ќе одиме на нови победи. Пристигнав во Борац да му помогнам на тимот и ќе дадам се од себе на теренот. Запознаен сум со квалитетот на Премиер лигата и знам дека примарна цел на клубот е одбрана на титулата.

-Лигата од година во година напредува, а дополнителен квалитет доби и со изградбата на нови терени. Се надевам дека и оваа година ќе ја освоиме титулата, бидејќи само така можеме да постигнеме нови европски успеси, -порача Николов по потписот со шампионот на Босна и Херцеговина.

Во досегашната кариера освен во Македонија има настапувано во Романија, Молдавија, Унгарија и Италија.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни