Поврзете се со нас

Европски првенства

Николов: Покажавме карактер, ќе бидеме подобри во Литванија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација претрпе пораз во соочувањето со Литванија во рамките на квалификациите за место на Европското првенство кое е на програмата во 2025 година.

Избраниците на Јончевски немаа сили за изненадување и загубија со 82:67. Имавме одредени блесоци, добри моменти во натпреварот во СРЦ „Кале“, меѓутоа постојано бевме во негатива, го бркавме противникот и едноставно вака ослабени без неколку важни, клучни играчи (Димитријевиќ, Хап, Шортс, Јакимовски, Магдевски) немавме сила за нешто повеќе.

Најдобар наш поединец беше Кристијан Николов со 18 поени, 2 скока и 6 асистенции, па токму тој се надева и верува дека со помош на Димитријевиќ кој ќе биде достапен за реваншот со Литванците ќе можеме да се прикажеме во подобро светло во Клаипеда.

-Беше навистина тежок натпревар за нас бидејќи ни недостигаа неколку момци. Дадовме се што можевме, верувам декаќе бидеме уште подобри на следниот натпревар и се надевам на подобар резултат на гостувањето во Литванија.

-Тие поставија некоја агресивна игра од самиот старт, судиите им го дозволија тоа. Јас играв тоа што ни го даде одбраната, соиграчите многу ми помогнаа… Се играше со многу контакт, задоволен сум што покажавме карактер, се надевавме на победа, но за жал она што го покажавме не беше доволно, -порача плејмејкерот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни