Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Николов погоди во Лигата на шампионите и му обезбеди бод на Шериф (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите, обезбедувајќи му бод на својот тим Шериф на гостувањето кај Шахтјор.

Украинскиот состав водеше од 42. минута, а Николов влезе на полувреме, за во судиското продолжение да го постигне голот за реми и бод на молдавскиот претставник.

Иако првиот обид на Македонецот не беше конкретен, Николов се поправи и од втора успеа да го совлада голманот Шевченко.

Шериф остана на третото место кое го имаше обезбедено и пред овој дуел, па ќе продолжи со настап во Лига Европа, што ќе биде дополнителна можност за Николов за нови погодоци и позитивни резултати во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни