Поврзете се со нас

Свет

Николов: Нема да разочараме во ЛШ, Шериф е одличен проект

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов во новата сезона ќе го гледаме во дресот на најдобриот клуб од Молдавија, Шериф Тираспол.

Николов откако ја заврши приказната со Лече остави да помине некое време за да на крајот каже „ДА“ на Шериф кој за првпат во својата историја ќе игра во Лигата на шампионите. Големиот борец е задоволен од изборот на клубот и се надева ќе може да помогне екипата да игра подобро, напредува и секако да се остварат зацртаните цели.

-Ми се допаѓа проектот во кој сум вклучен, ми се допаѓа тимот. Се надевам брзо ќе се адаптирам и ќе можам да го максимимот за доброто на тимот. Знам дека им конкуренција, ама така секој играч е подобар. Најважно е сите да се здрави, па тренерот ќе одлучи кој ќе добие шанса.

-Играме во европските купови, во ЛШ. Верував дека овие момци можат да дојдат до групната фаза, сега знаеме дека сме способни да играме на ова ниво. Нема да разочараме. Голема чест е што сум дел од Шериф. На фановите ќе им порачам дека ќе дадам се за успех на тимот. Сакам заедно да се радуваме на победите, -порача Боби за клупскиот сајт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни