Поврзете се со нас

Свет

Николов најдобар асистент за Џеди Осман Баскет (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Кристијан Николов беше најдобар асистент за Пицабулс Џеди Осман Баскет во дуелот со Коња ББСК во втората лига на Турција.

Николов за 22 минути на паркетот имаше пет додавања за поени на своите соиграчи, а зад своето име додаде уште 7 коша и 2 скока. Меѓутоа домаќините не го одбранија својот дом и претрпеа пораз од 79:69.

Причината за поразот лежи во третата четвртина во која Николов и компанија дадоа 14, а примија  26 поени.

Ова за Пицабулс Џеди Осман Баскет беше трет пораз во низа во шампионатот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни