Поврзете се со нас

Европски првенства

Николов: Мурињо му се јави на Пандев и сите почнавме да плачеме (ВИДЕО)

Објавено

на

Горан Пандев одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера и тоа на Европското првенство во кое ние игравме во групата во групата Ц заедно со Холандија, Украина и Австрија.

Средбата со „лалињата“ во Амстердам беше последен меч за Гоче во националниот тим, а на истиот беше испратен онака како што треба и од домаќините, но и од сите негови соиграчи кои направија шпалир во моментите кога беше заменет, односно пред да го напушти теренот.

Тоа дефинитивно беше една емотивна слика, ситуација, ама истата не била последна затоа што Бобан Николов откри што се случивало пред да стигнат во хотелот, поточно по дуелот со Холандија.

Нашиот капитен добил видео-повик од Жозе Мурињо, повик во кој Португалецот плачел заедно со сите кои биле присутни.

-Мурињо му се јави, почна да збори и потоа да плаче. Стефан (Ристовски) почна да плача, јас да плачам, сите заедно се расплакавме. Чим кога еден Мурињо те бара…Многупати кажав, Македонија никогаш не може да му се оддолжи на Пандев, треба да бида благодарна што го има. Споменик треба да му се направи, таков играч не знам дали ќе се роди, -откри Николов во шоуто на Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни