Поврзете се со нас

Репрезентација

Николов: Ќе се бориме за секоја топка, сакаме да ја победиме Украина

Објавено

на

Пред македонската кошаркарска репрезентација се двата заврши натпревари од квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2023 година.

Прво и гостуваме на Шпанија на 1 јули, а три дена подоца се соочуваме со Украина во Скопје. Досега немаме забележано ниту еден позитивен резултат (четири порази), па во нашиот табор има добра атмосфера, расположение да се прекине лошата серија и покрај тоа што одново не сме комплетни.

Повторно еден од играчите кој ќе мора да го понесе товарот за организација на играта ќе биде Кристијан Николов кој вети пожртвувана игра, борба за секоја топка и голема желба за триумф над Украина.

-Очекувам да дадеме се од себе, да се бориме за секоја топка. Подмладени сме, меѓутоа тоа не значи дека ќе се предадеме. Секој од нас знае што значи да се игра за Македонија и ветуваме дека ќе го дадеме максимумот, -вели плејмејкерот и продолжува:

-Првo играме со Шпанија, потоа Украина на домашен терен. Сакаме победа, затоа што мотивот не е загубен и покрај тоа што сме некомплетни. Кога играме за репрезентацијата мораме да бидеме чисти пред себе и да го дадеме најдоброто. Знам дека младите ќе дадат се од себе. Ние еден на друг не гледаме како млад и стар, не се делиме, туку се гледаме како играчи кои можат да играат за репрезентацијата и затоа се овде, -порача членот на МЗТ СКопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни