Поврзете се со нас

Репрезентација

Николов ја откри тајната на Пандев која го држи фит и на 37 години и порача: Треба да му направат статуа

Објавено

на

blank

Македонскиот репрезентативец, Бобан Николов во интервју за романските медиуми одблиску им го претстави нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев.

Николов кој е познат на романската јавност затоа што одреден период играше во академијата на легендарниот Џорџ Хаџи, а потоа три сезони играше и за Виторул во интервју за „Телеком спорт“ ја откри тајната за долговечноста на Пандев.

Николов посочи дека Пандев јадел премногу киви и пиел многу вода и токму тоа го одржувало во форма.

– Горан јаде киви и пие многу вода. Досега немам видено нешто слично. Кога имав 20 години и бев во националниот тим тој ме зеде под своја закрила.

– Според мене за Пандев треба да биде изградена статуа затоа што не верувам дека ќе има другиграч кој освоил се што може да се освои и да рече дека би ги менувал сите трофеи за успех со националниот тим, -изјави Николов за „Телеком спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни