Поврзете се со нас

Свет

Николов „испука“ шест тројки и донесе победа за Џеди Осман Баскет (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Македонскиот репрезентативец, Кристијан Николов имаше одлично издание во денешната победа на Пицабулс Џеди Осман Баскет над Истанбул Анка Спорт (83:72) во втората лига на Турција.

Николов беше шутерски расположен и уфрли дури шест тројки, поточно имаше само едно промашување од далечина, плус беше перфектен од „пенал“ линијата за вкупно 20 поени на кои придодаде 1 скок, 3 асистенции и 1 блокада за 30 минути на паркетот. Важен удел во ова славје на домаќините имаа уште Барнс и Ноулс кои заедно искомбинираа 41 поен.

Сега Џеди Осман Баскет има учинок 9-12 (победи/порази) и се наоѓа на 12 место во шампионатот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни