Поврзете се со нас

Конференциска лига

Николов и Шишковски дел од историската фешта на Борац во Европа (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/fkboracofficial

Борац од Бања Лука уште долго ќе ја памети оваа февруарска ноќ во Љубљана, бидјеќи тимот за кои настапуваат Бобан Николов и Дамјан Шишковски за првпат во историјата ќе биде дел од едно осминафинале во европско натпреваруање.

Македонските интернационалци беа дел од гостинската фешта на „Стожице“ стадионот во Љубљана, на кој вечерва поради немири на трибините се играа неверојатни 18 минути продолжение.

И покрај сите налети на Олимпија, Борац успеа да одолее и да се одбрани до последната секунда, па така направи оние 1:0 од Бања Лука да бидат доволни за пласман во осминафиналето во Конференциската лига.

Николов како играч за врска беше дел од стартната постава и беше на теренот до 91-та минута, додека цел натпревар го одигра и Колумбиецот Ерера кој има македонски пасош.

Голманот Шишковски остана на клупата, но и тој беше дел од завршната фешта на гостите од Босна во која до израз дојдоа и навивачите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни