Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Николов и Шериф го нокаутираа Шахтјор на дебито во ЛШ, Дортмунд го освои Истанбул (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Шериф Тираспол имаше фантастично деби во групната фаза на Лигата на шампионите, деби со победа над редовниот учесник во ова натпреварување Шахтјор Доњецк.

Првакот на Молдавија славеше со 2-0 и со тоа потврди дека не случајно ги мина квалификациите и се најде во овој главен дел. Домашниот состав знаеше да ги искористи своите шанси, па така прво Траоре со одличен погодок во 16 минута донесе водство, резултат кој беше активен се до 62 кога нововлезениот Јансане ги потврди трите бода.

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов доби шанса во самиот финиш или поточно во 85 минута кога го замени Кастанеда.

Борусија Дортмунд пак се избори за триумф во Истанбул над Бешикташ од 2-1. Младите Белингем и Халанд му обезбедија водство од 2-0 на фаворитот по првите 45 минути.

Во продолжението „милионерите“ имаа можност да ја зголемат предноста, меѓутоа тоа не го направија со што оставија простор за домаќините кои преку Монтеро во 94 минута се изборија за почесен погодок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни