Поврзете се со нас

Олимписки игри

Николов и Начевски завршија одлична работа, Германија го доби големото дерби во групата А

Објавено

на

Славе Николов и Ѓорѓи Начевски успешно го минаа и третиот предизвик кој го добија на Олимписките игри во Париз, па после одличната арбитражата на дербито меѓу Германија и Шпанија, сигурно остануваат и едни од фаворитите за големото финале.

Македонската судиска двојка беше задолжена за делење на правдата и на балканското дерби меѓу Словенија и Хрватска, но денеска ги делеа најважните одлуки и на пресметката меѓу европските великани.

Дербито изобилуваше со атрактивен и офанзивен ракомет во кој и двете селекции се менуваа со предносот на семафорот, но мора да се нагласи дека во првото полувреме многу малку внимание се обрнуваше на одбрана.

Шпанија замина на пауза со 20:18, но во вторите 30 минути гледавме целосно друг ракомет, односно се активираа одбраните кои направија да гледаме поцврста и погруба игра.

Германија на тој начин успеа да се врати во егал ситуација и потоа да направи исчекор кон победа, па така на крајот славеше со 33:31 и го презема првото место во групата А во втората фаза на олимпискиот турнир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни