Поврзете се со нас

Олимписки игри

Николов и Начевски со полуфинална задача на ОИ

Објавено

на

Foto: www.seha-liga.com/

Славе Николов и Ѓорѓи Начевски добија нова задача на ракометниот турнир на Летните Олимписки Игри, петти предизвик кој им носи полуфинална пресметка.

Имено најдобрите македонски судии ќе бидат главни на битката меѓу Германија и Шпанија која е закажана за денеска од 16:30 часот во Лил.

Ова е првото полуфинале кое е на програмата, а интересно е тоа што Николов и Начевски веќе го судеа првиот натпревар на овие две селекции во групата фаза кој им припадна на Германците со 33:31.

Нашите арбитри одлично си ја завршија работата и на дуелите Данска-Норвешка, Словенија-Хрватска и Унгарија-Египет.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни