Поврзете се со нас

Македонија

Николов и Начевски ќе му судат на актуелниот олимписки и светски првак

Објавено

на

Македонските арбитри, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија нова задача на Летните Олимписки Игри во Токио.

Најдобрата судиска двојка од Македонија утре (12:30 часот) одново ќе биде на терените и ќе биде главна на пресметката меѓу Данска – Португалија. Данците се актуелни олимписки и светки шампиони, селекција која има „три од три“ на турнирот и дефинитивно ќе го има статусот на фаворит против Португалците.

Инаку ова за Николов и Начевски е четврти натпревар на ОИ, а интересно по вторпат ќе и судат на Португалија, првиот пат не и донесоа среќа против Египет (37-31).

На досегашното мени за Ѓорѓи и Славеа беа уште пресметките Шпанија – Норвешка и Германија и Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни