Поврзете се со нас

Европски првенства

Николов и Начевски ја добија довербата и ќе судат на ЕП во Унгарија и Словачка

Објавено

на

Најдобрата македонска судиска комбинација, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ја добија довербата од ЕХФ и ќе бидат дел од уште еден голем ракометен настан-тоа е Европското првенство кое на почеток на наредната година се игра во Унгарија и Словачка.

Николов и Начевски важат за едни од најдобрите судии на светот и воопшто не е изненадување што се дел од 18 двојки делегирани за 15 Европско првенство, второ со вкупно 24 репрезентации.

Сите овие арбитри ќе имат задача да ја делат правдата на 65 мечеви, а интересно на листата има многу судии кои доааат од Балканот, па освена Славе и Ѓорѓи тука се Матија Губица/Борис Милошевиќ (Хрватска), Иван Павичевиќ/Милош Ражнатовиќ (Црна Гора), Бојан Лах/Давид Сок (Словенија) и Ненад Николиќ/Душан Стојковиќ (Србија).

Да потсетиме Македонија на шампионатот кој се игра од 13 до 30 јануари во првата фаза ќе се соочи со Данска, Словенија и Црна Гора.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни